Земјоделците го канат Пендаровски да ги поддржи на протecт, како што ја поддржа ЛГБT зaeдницата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјдоделците денеска преку писмо го поканија претседателот на државата, Стево Пендаровски, да ги посети на протестот што на Петровден, на 12 јули, ќе го организираат во Прилеп и да им даде поддршка. Ова го правеле поради тоа што ниту една друга институција не сакал да им излезе во пресрет на нивните барања.

Еве што порачуваат земјоделците во писмото:

„Поради незаитереситаноста на владата и министерстото за земјоделие шумарство и водостопанство за решавање на нашите проблеми како и пробивањето на СИТЕ законски рокови и обврски за исплата на субвенции и ковид пакети од државата кон земјоделците, ние сме доведени во крајно незавидна финансиска ситуација, па оттука цениме дека немаме повеќе партнер за разговор во горенаведените институции, и поради тоа сме приморани да организираме протест на 12.07.2021 пред зградата на општина Прилеп со времетраење од 10 до 12
часот.

Затоа: Јавно ве покануваме да присуствувате на овој протест од кој дирекно ќе бидете запознаен за нашите проблеми како и на лошите законски решенија од минатото на дел од кои и вие сте потпишан, како и да ве запознаеме дирекно со негативните ефекти кон земјоделците кои ке ги донесат законските решенија кои се во најава, пред се законот за зелена такса како и законот за продажба за државно земјиште пред да ги потпишете. Освен ваше лично присуство, секоја друга подршка или немање на одговор од ваша страна на оваа наша јавна покана ние земјоделците ќе добиеме впечаток дека и на вас како претседател на државата ви е поважна ЛГБТ заедницата, на која вие јавно и со лично присуство и дадовте поддршка отколку ние кои ја храниме цела држава Со почит Жолто тутунско злато, Тутунарска мака, Тутунари земјоделци, Тутунска надеж“, се вели во писмото на земјоделците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This