МУ БАРАЛЕ ЧЛЕНСКА ОД СДСМ ЗА ДА МУ ПЛАТАТ ОШТЕТА: Земјоделец од Арачиново три години чека на обештетување од поплавите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екрем Јаји е земјоделец од Арачиново кој три години чека да му бидат префрлени средства за обештетување на неговиот овоштарник кој целосно бил уништен за време на катастрофалната поплава во 2016-тата. Иако уредно пријавил, поседува комплетна документација поткрепена со записник од Државниот инспекторат за земјоделство кој ја констатира штетата, парите не стигнале до него.

Смета дека е манипулиран, бидејќи цели три години Платежната агенција, Министерството за земјоделство, па вели дури и кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев си ги префрлаат надлежностите.

– Бев манипулиран дури и на партиска основа, бараа од мене да имам членска книшка на Социјалдемократскиот сојуз. Обештетувањето кое треба да го добијам изнесува над 10 илјади евра, изјави Екрем Јаји од пред Министерствотро за земјоделие.
Случајот зошто се доцни со исплатата лично се заложи дека ќе го испита заменик министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. Тој рече дека го охрабрил Екрем, но и сите останати да повелат во министерството, уверувајќи дека во него може да гледаат заштитник кого не го интересира политичка припадност, ниту пак верската припадност.

– Документацијата е комплетна, дури и поткрепена е со записник од Државниот инспекторат за земјоделство каде што се констатира дека навистина е уништен тој овошен насад. Едноставно парите требало да стигнат до Екрем. Дали некој друг ги земал, дополнително ќе информирам, порача Трипуновски.
Заменик министерот за земјоделство додаде дека верува оти има одредени злоупотреби за кои рече дека некој ќе треба да понесе одговорност. Тој упати апел до сите земјоделци од Македонија слободно да се обратат во министерството и да го побараат за да се проверат сите неправди кои што им се случуваат.

– Екрем исто така ми кажа дека дури ни субвенциите не му се дадени за минатата година. Човекот претрпел штета, не му е исплатена, му следуваат субвенции, не му се исплатени, едноставно е доведен до раб на егзистенција, сега мора по судски пат да го тера целиот процес и дополнително да има трошоци, рече Трипуновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This