ЗЕТ КАКО МЕД: Катица Јанева си го вдoми зетот во Државна Лотарија на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зетот на специјалната јавна oбвинитeлкa Катица Јанева, Петар Поцков, инаку внук на градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков, е еден од членовите на Управниот одбор на Акционерското друштво за игри на среќа Државна лотарија, дознава „Фокус“.

Според тековната состојба на друштвото во државна сопственост, издадена од Централниот регистар, Поцков е еден од петмината членови на УО, покрај претседателката Катица Николовска – Прнаркова, Ѓорѓи Дамјановски, Благоја Лазаревски и Христа Најденов.

Членовите на ова тело ги избира Haдзорниот одбор, во кој пак членуваат Бојан Јанев, Фатмир Рамаданоски, Бејназ Арифи, Александар Димитријоски, како и претседателката на младинската организација на ЛДП Моника Зајкова, избрани од страна на владата.

Според известувањето што на почетокот на годинава друштвото го пратила до Македонска берза, согласно обврската од Законот за хартии од вредност, Поцков е избран за член на УО на седница на НО оддржана минатата 2018 година.

Повеќе на „Фокус“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This