Зибери – Не сум пoзитивeн на Koвид-19, сосема сум здрав и добар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Зибери и партијата чиј кандидат за премиер е тој им требаа три часа за да одговорат дали е вистина информацијата која беше објавена во медиумите, откако порталот „Фокус“ објави дека тој е позитивен на ковид-19, а нивната информација беше потврдена од партијата.

Насер Зибери, кандидатот за премиер на една политичка партија предмалку објави дека тој всушност не е заразен од коронавирусот.

-Почитувани. Ви благодарам многу за масовната грижа и поддршка, јас сум потполно здрав и добар, подготвен за новите предизвици. Ве молам да ги користете вашите телефони за разговори со семејството, пријателите, најблиските и соработниците, а не за ниска клевета, црна кампања и пропаганда на ден пред изборите затоа што не ве вреднува. Јас не сум позитивен во ковид-19 и утре во 10:00 часот ќе го искористам своето право на глас и ве повикувам сите да гласате и да не станете жртви на злонамерна пропаганда. Им посакувам здравје на сите и брзо закрепнување на сите заразени, напиша Зибери на својот Фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This