Зимава „нeмa дa имa зaгaдyвање“: Мepните cтaници за ПМ чecтичките нeмa да пpopаботат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мерните станици за мерење на аерозагадувањето во нашата земја по се изгледа и оваа зима нема да бидат во функција. Министерот за животна средина, Нуредини на денешната прес-конференција информираше дека ниту една од мерните станици не е во функција, но министертсвото порачало делови за нив, иакое знае ниту кога ќе пристигнат деловите, ниту кога ќе проработат мерните станици.

„Не би можел да ви дадам конкретна информација кога тие ќе бидат активни и функционални, ние веќе ги порачавме елементите, деловите на мерните станици штом пристигнат истите ќе бидат инсталирани и ќе ве информираме навремено за функционалноста“, рече Нуредини.

Што се однесува до краткорочните планови како ќе се спречи оваа зима аерозагадувањето и тој потенцираше дека министертсвото веќе има во план да организира работна група, на која ќе бидат повикани сите инспектори и од нив ќе биде побарано да си ја вршат својата работа, да излезат на терен и да си ја вршат работата.

„Од друга страна истото ќе го сториме и со локалната самоуправа, во меѓувреме веќе имаме нацрт-закон кој што се очекува да биде да биде изгласан во наредните три недели до месец дена и со тоа ќе бидат покриени сите теми во однос на краткорочните планови. Ќе се побара од нив да внимаваат каде се исфрла отпад, дали ќе има пожари и да се трудат што повеќе во насока на спречување на истите појави“, рече Нуредини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This