April 28, 2024, 10:20 am

ЗЛАТНО ИМЕ ИМАМЕ И ЌЕ НЀ НАДЖИВЕЕ СИТЕ: Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мисајловски за името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој ден има ограбувани домови, вклучително и мојот, имате еден куп нерешени убиства, секој ден има разбојништва во банки, нерешени случаеви и смешни инциденти што ги покираат како случајот со пајакот, тоа е срамно. Си поигруваат со нашата интелегенција. Не работат, не расчистуваат убиства, сега има толку голем криминал и тоа е секојдневие. Тоа значи дека некој сака многу да ја ослабне Република Македонија, некој сака институциите да бидат на едно најдолно ниво. ВМРО-ДПМНЕ тоа не го сака, ние сакаме стабилна држава, ќе бидеме сојузник со многу држави, со соседните држави, со меѓународната заедница, ама пред се треба да бидеме сојузник со граѓаните и треба да го правите тоа они што го сакаат.

Ова го истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето на „Алфаскоп“ на ТВ Алфа.

Тој најави дека ќе има и нови рефрми во партијата, односно реорганизација, која како што рече им е потребна за следните чекори кои ќе бидат преземени.

Во однос на преговорите за името, Мисајловски истакна дека народот треба да знае оти ВМРО-ДПМНЕ како партија не се информирани и додава дека повеќе информации добиваат од грчките и македонските медиуми, а не од државниот врв.

–Република Македонија нема проблем со името, ние немаме проблем, некој друг има проблем со нашето име и тоа треба секој да го знае, подвлече Мисајловски и упати апел: Да внимаваат што прават со најсериозното прашање во Македонија, ние имаме златно име и вечно име на оваа држава и ќе не надживее сите. Треба да внимаваме како се однесуваме, бидејќи наште деца треба да живеат тука и треба да останат и да ја градат оваа држава, тоа е најважното.

Повтори дека стратешката определба на партијата се НАТО и ЕУ.

-Час поскоро е подобро за Република Македонија да има предвремени парламентарни избори, бидејќи само така ќе добијат повеќе граѓаните. Ние сакаме да има квалитетни избори, народот да си го каже она што го мисли и да си го заокружи ливчето и со пенкало да ги победи многу скоро и да ги тргне од власт. Во оваа влада никој нема доверба, потенцираше Мисајловски.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This