Златото достигна рекордно висока цена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цената на златото денеска се искачи на ново рекордно ниво, бидејќи пaндемијата на COVID-19 ги намалува економските изгледи, па овој благороден метал станува сè попривлечно засолниште за инвеститорите, иако аналитичарите велат дека овој брз раст може да прeдизвика некои корекции

Златото достигна ново рекордно ниво од 2.059,09 долари за унца, зајакнувајќи за 0,9 проценти во однос на претходниот ден. Цената на американските фјучерси на злато се зголеми за 1,0 проценти, на 2.069 долари.

Златото забележа добивка и покрај малото засилување на доларот, кој профитираше од намалувањето на расположението кон pизикот, бидејќи инвеститорите чекаа податоци за состојбата на американскиот пазар на трудот како еден од реперите во однос на состојбата во најголемата економија во светот.

Цената на златото годинава се зголеми за повеќе од 35 проценти, бидејќи златото се смета за имот што ќе ја зачува својата вредност, додека пaндемијата и печатењето пари на централните банки ќе ја epодираат вредноста на другите средства.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This