ЗНАМИЊАТА ВО Г*З ДА СИ ГИ НАПИКАТЕ: Сопругата на Бени Шаќири со потресен статус по изгубената битка на малиот Давид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес најтешката битка во животот ја загуби малиот Давид, кој по операцијата од карцином на колено, почина бидејќи истиот се проширил и на белите дробови. Болест која малиот Давид не можеше да ја извојува

 

Претходно пак, пред Владата се одржа протест на кој се бараше правда за малиот Алмир, кој како што тврдат роднините, бил намерно убиен со возило во дворот на градската болница во Куманово. Протест кој беше киднапиран од политички мотиви.

Имено на протестот за Алмир, наместо барање за правда, се бараше одговорност за опозицијата (колку и тоа апсурдно да звучи) и се поставуваа знамиња на странски држави на портата од зградата на Владата на Р.Македонија.

По тој повод, сопругата на пејачот Бени Шаќири, инаку еден од главните активисти на т.н. „шарена револуција“ напиша потресен статус на ФБ.

„Пред помалку од две години бев во Кратово. Отидов како претставник на Фондацијата Златна Рипка да му ја исполнам желбата на Давид кој боледуваше од рак! Вчера бев на протест за малиот Алмир кој беше брутално убиен, а неговиот убиец одговара за кривични дела во сообраќајот место за убиство!

Денес Давид ја изгуби битката со болеста!

Знаете ли колкава ми е болката за ова дете?
Поголема од вашата омраза!
Поголема од сите ваши големи Македонии и Албании!

Нивните насмевки вредат повеќе од вашите држави, снамињата у г*з да си ги пикнете!

Сите јазици можете да ги укинете или унапредите, никогаш нема да научите да зборувате во јазикот на љубовта!

Никогаш нема да научите туѓото дете да го гледате како свое!
Никогаш нема да биде зошто сте проклети!
Македонијо – безнадежна си!

Почивај во мир Ангелу!“ – напиша Лиса Шаќири на нејзиниот профил.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This