ЗНАЧИ НЕМА ПОДОБРИ: ВРВ КОЦКИ со ореви, чоколадо, ванила, рум… со преубав вкус и опоен мирис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рецептот го видов во емисијата Храна и вино, и воопшто не згрешив што го направив. Воодушевени сме и од вкусот и од мирисот.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца
100 г шеќер во прав
150 г путер
2 лажици какао
1 прашок за печиво
3 лажици брашно
150 г мелени ореви

ЗА ФИЛ:

200 г џем од праски
150 г мелени ореви
150 г шеќер во прав
2 ванилин шеќер
50 мл рум
200 г чоколадо за готвење
3 лажици масло

ПОСТАПКА:

Одвојте ги белките од жолчките. Од белките со миксер изматете цврст снег. Во садот со жолчките додадете путер и шеќер во прав, ма со миксер изматете за да се добие пенаста маса.

Потоа додадете ги сувите состојки (брашно, прашок за печиво, ореви и какао), па со шпатула или лажица соединете. На крај додадете го и снегот од белки, па со лесно превртување мешајте додека убаво да се соедини.

Правоаголен плех или тепсија 32х20 см намастете и набрашнете, па во него излејте ја смесата и израмнете. Печете 30 минути во загреана рерна на 180 степени. Печената кора изладете ја.

Во садот со мелени ореви додадете шеќер во прав, ванилин шеќер и рум. Убаво промешајте со лажоца. Изладеното тесто премачкјате го со џем од праски и одозгора нанесете го филот од ореви. Со раце натапкајте одозгора за да се залепи оревот.

Чоколадото со маслото растопете го во микробранова печка или на пареа, промешајте и рамномерно премачкјате преку колачот. Изладениот колач сечете го со загреан нож на коцки: Прво ножот ставете го под млаз врела вода од чешма или сад со врела вода, па избришете го, па сечете. И така секое засекување за да ви биде прецизно и рамно.

Исечените коцки наредете ги на тацна, декорирајте ги по желба и послужете ги. Ние уживавме во овој колач со попладневното кафе и десертно вино.

Фото и рецепт: Гагахерц

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This