April 27, 2024, 11:51 am

Зошто Агенцијата за управување со одземен имот ја става во опасност стабилноста на „Халк Банка“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Акции во вредност од околу 10.000.000 евра во една од најголемите македонски банки – Халк Банка, од попладнево, па се до 15 декември ќе бидат предмет на аукциска продажба организирана од Агеннцијата за управување со одземен имот по багателна цена од 10.000 денари или вкупна вредност од 690.000 евра или за неверојатни 14 пати помалку од реалната вредност.

Што се крие позади оваа недозволена продажба?

Агенциајта за управување со одземен имот, уште во 2008 година запленила околу 3.200 акции од правно лице со седиште во Црна Гора, кое во Македонија успешно работело се до тој момент. Акциите се одземени во времето кога директор во агенцијата е Ванчо Шехтански, кој пак, противзаконски запленил имот за кој во судска постапка биле ослободени од постапка за запленување затоа што управителот на црногорската компанија добил пресуда која казна ја отплатил, а одлежал и затворска казна.

Наместо акциите да му се вратат на сопственикот, Агенцијата за одземен имот, незаконски во 2010 година го довел во заблуда Централниот депозитар за Хартии од вредност, одземените акции да ги препише на Агенцијата за урпавување со одземен имот врз наводна судска пресуда. Во тој момент, ниту еден суд во Македонија не постапувал по предмет во кој била вклучена црногорската компанија, ниту пак нејзиниот управител од Македонија.

Но, заблудата е во тоа што Агенцијата донела решение за одземање на акциите, и тоа во ЦДХВ го претставила како судска пресуда.

За ситуацијата да биде уште посериозна, акциите се во сопственост на физичко лице, а не на име на компанијата од која наводно биле одземени.

Кој сака да пере пари, притоа самарот да биде Халк Банка?

Ситуацијата да биде уште посериозна, по промената на власта новиот директор на Агенцијата за управување со одземен имот, иако ја увидел ситуаицјата и кривичното дело кое го направил претходниот директор, тој продолжил со истата дејност, па наместо да ги врати акциите на сопственикот, Агенцијата почнала да добива и финансиска добивка од овие акции.

Имено, акциите кои биле запленети во 2008 година биле околу 3.200, за во 2021 да стигнат до цифра од 4.233 акции. Истите, од година во година се оплодувале, а сопственикот на акциите нема добиено ниту цент од дивидендата, ниту пак бил известен дека неговата дивиденда се реинвестира во стекнување на нови акции. На овој начин, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, но и правниците во агенцијата направиле кривично дело со кое го оштетиле сопственикот за најмалку 9.400.000 евра – односно, вредноста на акцијата кога била купена од страна на вистинскиот сопственик, до денешната вредност.

Сега, и покрај судските одлуки акциите да му бидат вратени на вистинскиот сопственик, Агенцијата за управување со одземен имот одбива да ги почитува истите, па наместо тоа ги става на јавна аукција со стартна ценна од 10.000 денари по акција.

Оттука, логично се поставува и прашањето – кој сака да влезе во една од најголемите банки во Македонија, бесплатно?

Постојат повеќе информации за тоа нна кого му се „местат“ акциите, но која од нив и да е точна, се работи за кривично дело, а најверојатно, оној што планира да ги купи акциите е претходно договорен и со директорот на Агенцијата, бидејќи токму директорот има законска обврска кога објавува аукција да добие што поголема вредност за предметите кои ги продава, а во корист на државата.

Ако во моментов една акција на Халк Баннка ја надминува вредноста од 100.000 денари, а Агеннцијата ја продава по почетна цена од 10.000 денари, за оние кои знаат што гледаат работата е јасна. Некој се обидува да пере пари.

Валкани пари, особено во последниве неколку години, во Маекдонија има во огромна количина – криминалот е на рекордно високо ниво, а веќе се застаренни или презаситени традициоанлните методи за перење пари преку градба, маркети, и трговија на големо.

Значи да појаснам, ако некој денес ги купи овие 4.233 акции, кои Агенцијата незаконски ги посоедува и ги објавува на јавнан аукција, е во ризик поради несовесното работење на директорот да биде оштетен за акциите кои ќе ги купи, бидејќи, во еден момент истите мораат да му бидат вратенни на вистинскиот сопственик кој пак има судско решение со кое е наложено да му бидат вратени.

Што велат од Комисијата за хартии од вредност?

Комисијата за хартии од вредност, како и по обичај со македонските институции, молчи. Единствениот одговор кој ќе го добиете оттаму е дека тие немаат надлежност врз овие акции – иако тие се специјализирано тело токму за решавање на вакви спорови – и намесот да ја запрат трговијата со ваквите спорни акции, тие свесно прогледуваат низ прсти.

Со ова, и КХВ станува соучесник во ова продолжено кривично дело, имајќи во предвид дека се работи за трговија на акции во една од најголемите банки во државата, а влез на валкани пари би значло и ннарушување на имиџот на банката.

Нарушување на имиџ на банка од големина на Халк Банка, во мала економија како Македонија значи и опасност од нарушување на монетарниот систем на државата.

Што велат од НБРМ?

Очекувано, од НБРМ се прогласуваат за ненадлежни за активностите на Агенцијата за управување со одземен имот, и појаснуваат дека тие треба да дадат одобрение за трговија со акции во банки само доколку трансакцијата на акции е повеќе од 5% од вкупниот капитал на банката.

– Работењето, обврските и одговорностите на Агенцијата за управување со одземен имот се регулирани со Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, велат од НБРМ за Инфомакс.

– Инаку, да појасниме, дека согласно со законската регулатива, Народната банка издава претходна согласност за стекнување на акции кои претставуваат најмалку 5% од акциите на некоја банка. Учеството на акциите за кои посочувате дека Агенцијата за управување со одземен имот има закажано аукција за продажба е под 0,5% во вкупниот број на акции на Халк банка АД Скопје, дообјаснуваат од НБРМ за Инфомакс.

Сепак, од НБРМ не објаснуваат дали ваквата трансакција ќе влијае и врз имиџот на банката, односно врз монетарната стабилност на државата, имајќи во предвид дека тоа е и основната функција на НБРМ.

Штама

Веќе трет ден, штама од институциите и директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, кој до овој момент се уште нема одоговрено на прашањата на Инфомакс кои му беа испратени на „Сигнал“.

Затоа, прашањата до него ќе ги поставам и јавно.

За утре имате закажано аукција за продажба на хартии од вредност во Халк Баннка, одземени од „Арарат“ ДОО Црна Гора кои се оспорени со тужба до Основен Суд Скопје, приговор до ЦДХВ и Македонска берза. Знаете ли дека купопродажбата на хартии од вредност во банка, купувачот мора да има соодветно одобрение од НБРМ, како и продавачот?

Дали Агенцијата има такво одобрение, затоа што недостаток на истото значи и кривична одоговорнсот.

Доколку оваа купопродажба се оствари, а акциите се оспорени дали знаете дека со тоа се нарушшува имиџот на банката, а со тоа и монетарната стабилност во државата?

Врз основа на која одлука се одземени акциите?

Одземени се 3.120 акции од „Арарат“ ДОО Црна Гора, а сега се продаваат 4.233 акции, како се зголемил бројот на акции и дали Агенцијата имала финаннсиска добивка од истите без да го извести сопственикот од кого се одземенни?

Пишува: Александар Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This