Зошто владата сака да му исплати 33 милиони евра на Макпетрол?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во Собранието на Република Македонија се дискутираше за предлог законот за решавање на спорот помеѓу Република Македонија и Макпетрол. Во врска со овој предлог закон за збор се јавија повеќе пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, меѓу кои беше и пратеничката Јадранка Поцкова која што посочи дека при анализирање на овој закон и сите информации кои ги има добиено во врска со оваа тематика може само да каже дека спогодбата помеѓу Владата и Макпетрол е незаконска.

„Зошто владата сака да му исплати 33 милиони евра на Макпетрол? Зошто државниот правобранител не сакал да даде дозвола на премиерот Заев да го потпише договорот? Зошто се оди со предлог закон по скратена постапка во Собрание што никогаш претходно не се случило во историјата на Република Македонија? На први август 2019 година државниот правобранител на Република Македонија се произнесува дека склучување на доставената спогодба за вон судско решавање на спорови меѓу владата застапена од Зоран Заев и Макпетрол застапен од претседателот на Управниот одбор Андреа Јосифовски би предизвикало последици спротивно на имотните интереси на Република Македонија“, истакна Поцкова.

Поцкова додаде дека на 16.12.2019 година по точка 148 Владата донела одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Македонија, за 2019-тата година за купување на делот ГАМА АД Скопје.

-Со оваа одлука ненаведувајќи правен основ за нејзино донесување во образложението или ненаведувајќи заради извршување на кој закон или подзаконски акт се донела истата, Владата одобрила 32 милиони евра за купување на делот на ГАМА. Состојбата од 31.12.2019 година до донесување на правосилна одлука на Судот основната главнина на ГАМА Ад е поделена на две обични акции со право на глас. Една на Република Македонија, друга на Макпетрол АД како акционери на ГАМА, додаде Поцкова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This