Зошто најголемиот филантроп Македонец би ја yништил сопствената банка?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директен повод за овој текст е фактот што најголемиот македонски филантроп е еден од ретките бизнисмени што помогнал на речиси секој новинар што побарал помош а имал мака, плаќал казни, решавал финансиски обврски на колеги од медиумите, плаќал за лекување на новинари и членови нивни семејства а помагал и повеќе медиуми иако е јасно дека во Македонија од медиуми не се заработува.

Ако се истражуваат донациите на Трифун Костовски во македонското општество во последниве дваесетина година ќе се дојде до фрапантни податоци според кои тој на организации, институции, клубови, поединци има подарено повеќе од 60 милиони евра.

Многу повеќе и од семоќниот Сорос за 30 години во Македонија.

Костовски во моментов води “своја војна” за вистината околу стечајот на Еуростандард банка и замрзнатиот имот на семејството Костовски од страна на органите на Република Македонија.

Таа војна наметнува низа прашања кои што не се логични за најголем број од граѓаните.

Поводот за ова мини истражување и анализа беше изјавата на поранешниот претседател на МАНУ Таки Фити, која беше реобјавена на официјални страници на Костовски на Фејсбук и инстаграм.

Изјавата е извадена од книгата „20 години Фондација ’Трифун Костовски‘“, со поднаслов „За филантропството на семејството Костовски“ која во 2018 година беше издадена по повод 20 годишнината од основањето на Фондацијата „Трифун Костовски“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Во време кога оштествената одговорност на секое правно и физичко лице треба да биде приоритет, постот на профилите на социјалните мрежи на Костовски беше причина да истражиме подлабоко за неговите донации во сите сфери од општествениот живот и помош која им ја дал на голем број наши правни и физички лица.

Бројките до кои дојдовме се неверојатни за македонски услови. Тешко дека во земјава постои човек што повеќе донирал, помагал и излегувал во пресрет кога од него била побарана финансиска помош.

Списокот на донации и помош е долг, а вкупната сума може да е и троцифрена и тоа изразена во милиони евра.

Костовски само во спортот има инвестирано повеќе од 30 милиони евра, тука влегуваат женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров, фудбалски клубови Работнички Скопје, Вардар Скопје, Борец Велес, Пелистер Битола, Кожув Гевгелија, женскиот студентски одбојкарски клуб Студент Скопје и други.

Манифестации од типот Глумците пеат, Виенскиот бал, и подршката на секој настап на Македонските естрадни уметници на Евросонг, како и нивно снимање на песни, албуми спотови се дел од неговите подршки во културната сфера.

Со МАНУ во 1998 година има потпишано договор на 50 години каде Фондацијата Трифун Костовски дава свој сериозен финансиски придонес во севкупниот развојот на пишаниот збор, културата, уметноста.

Бројот и на цркви, манастири и џамии во чија изградба или реконструкција, учествувал Костовски е голем. Само за изградба на црквата Пресвета Богородица во Скопје, чиј ктитор е Костовски, има издвоено околу 2.300.000 евра, а следуваат и подршките за реконструкција на локалитетот Плаошник во Охрид, Света Софија во Охрид, Манастирот Свети Јован Бигорски, Свети Пантелејмон Велес, џамијата во Центар Жупа и други.

Посебна ставка во неговите донации е поддршката за кампањата против територијата поделба во 2005 година за која зборуваат многумина а за која нема официјални податоци и со која Костовски не се фали.

Текстот би бил финансиски извештај доколку и самиот Костовски би сакал да проговори за неговите донации. Тие што го почитуваат неговото дело инсистираат да обзнани пред јавноста што и колку точно инвестирал во Македонија но тој засега одбива да говори за суми и адреси каде помагал.

Покрај горе напишаното, од луѓе на кои што Костовски им помогнал, а ние сме стапиле во контакт со нив, потврдуваат дека несебично помагал за лекување на познати и непознати граѓани од Македонија во најеминентниот медицински центар во Австрија АКХ.

Честопати за итни случаеви го има изнајмувано и специјалниот медицински авион. Спасувал животи на млади и возрасни.

Во овој контекст не треба да се занемарат ниту неговите донации за школување и стипендирање на талентирани студенти кои инаку не би можеле да студираат на престижни универзитети.

На неговите официјални страници на социјалните мрежи можат да се прочитаат многу коментари од луѓе на кои им помогнал кога имале потреба.

Овие бројки за спонзорства до кои ние самите дојдовме можат да се најдат со неколку часа истражување на онлајн медиумите и социјалните мрежи или преку разговор со луѓе блиски на Костовски .

Колку точно чинат донациите на Костовски за урбаниот дел на улицата Водњанска во Скопје, кејот покрај Вардар во Скопје, постојаната подршка на Интерфест Битола, со подарен клавир од врвен квалитет Фесендорф, Охридфест и други не може да се утврди без негова прецизна изјава.

Прашањето број еден кое ние си го поставуваме во нашата редакција е како може да му се случи на човек кој толку многу донирал во Македонија и за граѓаните на Македонија ваков чин во неговиот бизнис во Македонија?

Господинот Костовски упорно тврди дека се работи за организиран криминал во Еуростандард банката.

Во земја како Македонија каде сеирот е главна алатка за учество во општествените процеси Костовски има право да ја бара правдата и во таа потрага да добие поддршка од медиумите, од граѓаните, но пред се од институциите кои треба да бидат професионални и да одлучуваат согласно законите и правото кое владее во Република Македонија.

Не само поради тоа што давал десетици милиони евра како донации туку пред се затоа што се соочува со сериозни противници за кои видовме дека се подготвени на се.

Во отсуство на странски инвестиции кои се многу потребни во Македонија, преку чинот да му се даде право на Костовски да се брани во име на вистината пред иституциите, во Македонија мора да отпочне процесот на владеење на правото и отворена борба против криминалот и корупција.

Во спротивно не само што ќе загубиме еден огромен донатор туку и цела генерација идни донатори, инвеститори, повратници кои преку случајот Костовски ќе заклучат дека Македонија не знае да им врати со арно на тие што помагаат и наместо да бидат третирани како сите други граѓани ги третира како најголеми криминалци уште пред да се докаже низ соодветни инстанци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This