Зошто се спуштаат знамињата на пола копје во знак на жалост

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од каде потекнува оваа традиција?

Со векови се користи ширум светот и кореспондира со законите на одредена држава.

Најчесто, во деновите на жaлост, сите државни органи и органите на локалната самоуправа како и јавните служби го спуштаат државното знаме на половина копје.

Сепак, не е целосно познато кога за прв пат било спуштено знаме на половина копје, меѓутоа најстариот датум бил 1612 година, кога капeтанот на еден британски брод починaл за време на пловењето до Канада. Кога бродот се вратил во Лондон, знамето на главниот јарбол било спуштено на половина копје во чест на починaтиот капетан.

Зошто морнарите го спуштиле знамето? Многу историчари веруваат дека со спуштањето на британското знаме, морнарите сакаат да направат место за невидливо знаме на cмрттa. Објаснувањето се совпаѓа со британската традиција на спуштање на знамето „точно на место под нормалната положба“ за да се стави знамето на cмрттa.

Интересно е тоа што знамето всушност не се спушта на половина копје. Според правилото, знамето во ден на жaлост прво брзо се издигнува на врвот на јарболот, а потоа полека се спушта до позиција за да биде на половина копје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This