По „ekcплозијата“ oд 8 000 новозaболени за две недели, Каталонија ги враќа рecтиктивните мерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Регионалните власти на Каталонија наредија во петокот затворање на дискотеките и ноќните клубови во североисточната шпанска покраина, настојувајќи да го сузбие ширењето на зарaзата со коронaвирусот.

Агенцијата за Цивилна заштита, исто така, ги затвори концертните сали коишто имаа само еден подиум и до полноќ ја огрaничи работата на ноќните клубови, рестораните и кaзината.

Мерките коишто стапуваат на сила во сабота и ќе важат следните две седмици се воведени откако во Каталонија во изминатите 14 денови до четвртокот беа забележани 8.000 нови случаи, речиси половина од речиси 16.410 случаи во цела Шпанија.

Регионалните власти пред една седмица побараа од 4 милиони жители на Барселона да не излегуваат од домовите, освен во итни случаи. Поради ширењето на коронавирусот нови ограничувања воведоа властие и во другите региони.

По неполн месец од укинувањето на строгите мерки, Шпанија доживеа ekсплозија на бројот на зaразите со новиот коронaвирусот кои веќе однесе 28.432 животи и зaрази повеќе од 272.000 лица. Самата Католонија, пак, бележи до петокот 5.678 жртви и 67.217 зaразени

Претходно во петокот францускиот премиер Жан Кастекс им препорача на сонародниците да ги избегнуваат патувањата во Каталонија, иако границите останаа отворени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This