Зaдолжителна вakцинација за сите деца пред почетокот на учебната година во Шпанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шпанија планира да започне со вакцинирање на деца на возраст од 12 до 17 години, околу две недели пред академската година што започнува во септември, изјави денеска шпанската министерка за здравство, Каролина Даријас.

Нејзината изјава доаѓа во време кога Шпанија се приближува до пресврт на скоро 10 милиони вакцинирани лица, пренесува Ројтерс.

„Идејата што ја имаме е дека пред почетокот на учебната година, односно околу две недели порано, ќе можеме да започнеме да ги инокулираме нашите момчиња и девојчиња во адолесценцијата“, изјави Даријас за државната телевизија РТВЕ, пренесува Танјуг.

Овој предлог мора да биде ратификуван од Комисијата за јавно здравје на шпанското Министерство за здравство.

Дариус рече дека повеќе од 10 милиони луѓе, нешто повеќе од една петтина од населението, треба да бидат целосно вакцинирани до вечерва и дека шпанските власти се на пат да ја исполнат целта на имунизација за 70 проценти од населението до средината на август.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This