Зaпoчнa тpeтaтa фaзa нa иcпитyвaњe нa кoмбиниpaнa вakцинa пpoтив Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Француската „Санофи“ и британската „ГлаксоСмитКлајн“ (ГСК) денеска ја започнаа третата фаза на испитување на потенцијална комбинирана вакцина против Ковид-19, за која се надеваат дека ќе биде одобрена до крајот на 2021 година.

Студијата покрената од „Санофи“ и ГСК е едно од првите испитувања во доцната фаза, која комбинира тестови за засилувачи и варијанти, додека производителите на лекови ги прилагодуваат своите стратегии за борба против еволутивниот коронавирус, објави „Ројтерс“.

Двата производители на лекови, кои објавија позитивни привремени резултати на почетокот на овој месец, потврдија дека студијата во третата фаза ќе опфати повеќе од 35.000 возрасни лица во САД, Азија, Африка и Латинска Америка.

„Во двофазен пристап, студијата првично ќе ја испита ефективноста на формулацијата за вакцини врз оригиналниот вирус, додека во втората фаза ќе ја процени втората формулација за вирусот B.1.351“, соопшти „Санофи“. Вирусот, познат како Б.1.351, за прв пат е откриен во Јужна Африка.

„Најновите научни докази покажуваат дека антителата генерирани против варијантата Б.1.351 можат да обезбедат широка вкрстена заштита од други преносливи варијанти“, неведува „Санофи“.

Третата фаза, која ќе се спроведува во широк опсег на различни географски области, исто така, ќе овозможи процена на ефикасноста против различни варијанти, додаде францускиот производител на лекови во изјавата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This