ЗABPШИ ВЛАДИНАТА СЕДНИЦА: Нови изборни нepeгyлapнocти – пoништeни peшeниjaта на Наќе Чулев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По вчерашното разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, која на позицијата застана во рамки на техничката влада задолжена за спроведување на изборите, а согласно Пржинскиот договор, денес продолжуваат изборните нерегуларности, овој пат на владина седница.

 

 

На 9-та седница на техничката влада, поништено е решението со кое Рашела Мизрахи беше назначена за министер за труд и социјална политика, а по претходна согласност на владејачкото мнозинство во Собранието на Р.Македонија. На овој начин се прекршуваат изборните правила, според кои опозицијата има право на свои технички министри во Владата со цел подготовка на предвремените парламентарни избори

Утринава, поништени се решенијата на тех.министерот за МВР Наќе Чулев за назначување на свои раководни кадри со цел подготовка на предвремените парламентарни избори, со што се прави уште една изборна нерегуларност со одземање на правата од Законот за влада во делот на преодна влада за спроведување на изборите, одредба која беше донесена со т.н. „Пржински Договор“.

Владата донесе одлука и за поништување на решенијата за распоредување на работно место, донесени од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, со кои Петар Ѓорѓиевски се распределува на работно место началник на Одделение за дизајнирање на наставни програми, Центар за обука, Организациони единици за потребите на Министерството при Министерството за внатрешни работи, за распоредување на Џелал Топалоски на работно место полициски советник за СВР, во Единицата за стратешко планирање стандарди и контрола на квалитет – БЈБ, за распоредување на Зоран Дуровски на работно место началник на Одделение за полиција, СВР Битола – БЈБ, за распоредување на Горан Митев на работно место началник на Одделение за криптозаштита, Сектор за безбедност на информации, Оддел за односи со јавноста и стратешки прашања, Организациони единици за потребите на Министерството при Министерството за внатрешни работи, како и решението со кое Владимир Велковски се распоредува на работно место самостоен советник за меѓународна соработка во Кабинетот на министерот при Министерството за внатрешни работи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This