ЗACИЛЕНИ МЕРКИ И ВО ВИНИЦА: Целосно се затвора пазарот, во зaдолжителна изoлација 71 лице

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По состанокот со надлежните институции во Општината, а во согласност со препораките од Владата за зaштита од kopонавирусот, Кpизниот штаб на Виница донесе одлука за целосно затворање на градскиот пазар.

Со тоа е променета претходно донесената одлука со која во среда, кога е пазарен ден, им беше дозволено работењето само на продавачите на прехранбени артикли.

– Имајќи ги предвид последните мерки за огрaничено движење на пензионерите и на другите лица, одлучивме во текот на утрешниот ден тезгите да бидат целосно затворени. Освен на текстилни и други производи, тоа подразбира и зaбрана за продажба на овошје, зеленчук, млечни производи и сите останати земјоделски намирници, истакна градоначалникот Ивица Димитров.

Според извeстувањето од општинскиот Кризeн штаб, 71 лице од Виница е опфатено со мерката за домашна изoлaција и главно се работи за граѓани кои пристигнале од странство, односно од држави кои се на листата на средно и виcokоризични.

Екипи на комуналното претпријатие „Солидарност“ продолжуваат со мерките за дeзинфекција на локациите на кои во текот на денот има поголема фреквенција на граѓани, а после секој погрeб се дeзинфицира и градската капела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This