Зaeв ги ocтави граѓаните бeз збopoви: Bo Евpoпа не сметaaт за вapвари кои ги kpaдат нивните пapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев, вчера вечер во интервју за Македонската телевизија изјави дека европјаните за Македонија сметаат дека е варварско општество кое ги краде нивните пари.

– Ја следев дискусијата што беше отворена во Франција кога требаше да се одлучува во октомври 2019 година ама Советот на Европа и ставовите на претседателот Макрон, таму голем дел од граѓаните мислат дека ние сме едни варварски општества каде што европјаните даваат пари преку своите даноци и тука некој ги кради тие пари, вели Заев.

Зоран Заев е премиер на Македонија 4 години, и во ист толкав период СДСМ е власт, како на централно така и на локално ниво. Сликата која што е создадена за државата во голема мера е креирана од начинот со кој оваа партија владее изминативе години.

Владата на СДСМ имаше неколку криминални афери, кои одекнаа и мегународно. Најнов пример е аферата Рекет, која беше објавена во италијанскиот Ла Верита, со видео и аудио снимки од милионски рекет од страна на лица кои подоцна во судска постапка на јавна седница кажаа дека милионите од рекет завршиле кај Зоран и Вице Заев.

– Донесовте политичка пресуда. Парите од рекетот барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, не кај Бојан Јовановски, рече Боки 13 во судница.

Целиот демократски свет виде како на тлото на современа Европа во 21 век се рекетираат бизнисмени и се изнесуваат торби полни со пари од нивните домови.

Претходно афера, која предизвика бранување и изнуди и извинување од страна на официјалните власти, беше снимката во која тогашниот генерален секретар во владата Драги Рашковски договара милионски тендер за потребите на М НАВ, а во кој ги навреди италијаните, дека се цигански народ и држава.

И скандалите не застануваат тука. И деновиве сме сведоци на милионски бизнис кој СДСМ – ДУИ го овозможуваат за контроверзниот бизнисмен МиодрагДавидовиќ Дака, кој е познат по анти западното делување во регионот.

Очигледно владата на Заев и пнатаму ќе продолжи да ги шокира европјаните, а мислењето за државата ќе остане исто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This