Зaeв му одговopи на Гpyби: Ќе cyбвенционираме вpaботувања на квaлитeтни кадpи без оглед на етничката припадност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одговарајќи на на новинарско прашање во врска со изјавата на неговиот прв заменик, Артан Груби, за поттикнување на вработувања по етничка основа, премиерот Зоран Заев порача дека во владината програма е точно прецизирано оти Владата ќе го поттикне и ќе соработува со бизнис-секторот за да се поддржат добрите меѓуетнички односи и меѓусебната доверба.

Како што додаде Заев, тоа е особено важно за да има промена на свеста и отфрлање на предрасудите од кој било тип, за секој квалитетен кадар да биде соодветно ангажиран,

Заев уште еднаш потенцира дека субвенции ќе има, но предност ќе имаат квалификуваните работници или граѓаните, без разлика на етничката припадност.

Субвенции ќе има за сите етнички заедници, за сите иницијативи, ќе продолжи регионалниот пристап, ќе гледаме низ регионите и низ потребата од квалификувана работна сила, но и на мотивацијата на граѓаните да се квалификуваат за потребите на пазарот на трудот – изјави Заев.

Како примери што веќе се во фаза на разговори, Заев ги посочи потенцијалниот стратешки партнер на Тутунскиот комбинат во Куманово за да се реактивира дејноста на тутунот „отља“, каде што ќе има вработувања врз основа на квалификацијата, проектот на „Еколог“ од 300 милиони евра во Тетовскиот Регион, проектот „СТП дигитален центар“ во Карпош за вработување млади, пред сѐ во информатичките технологии, Центарот во Неготино…

Ваквата реакција на Заев доаѓа откако Груби, во гостување на ТВ 21 пред два дена, најави субвенционирање на вработувањата во приватниот сектор на припадници на другите етнички заедници во земјава, но рече дека не е познато како тоа ќе се реализира.

Груби појасни дека тоа било идеја на ДУИ која ја претставувале во текот на кампањата, а во владината програма што ја усвои Собранието пишува дека Владата ќе ги повика и охрабри бизнис-секторот, домашните и странските компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранцијата, застапеноста и меѓусебната доверба и во нивните работни средини за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изјавата на Груби промовира политика на апартхејд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This