Зaeв шeтa низа Евpoпа, Филипче ги oбвинyвa граѓаните: Heoфицијално 40 пoчинaти денec во Maкедонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неофицијално денес е срушен уште еден црн рекод во Република Македонија од појавата на епидемијата на опасниот коронавирус. Според извори на Инфомакс во изминатото деноноќие битката со Ковид 19 ја загубиле 40 македонскиот граѓани заразени со Ковид 19.

И додека министерот тврди дека состојбата е стабилна, поради недостаток на кадар и кислород македонските граѓани умираат по болниците. Таков е случајот со мајката на Михаела од Штип која во солзи пред камерите раскажа како нејзината мајка починала откако повеќе од 20 пати пробала да добие медицинска помош додека лежела во Клиниката за инфективни болести во Штип.

Уште еден траорен статус ја потресе македонската јавност, статус на сестра на пациент од Скопје која го запраша директно министерот дали ќе спие мирно до ГОЛЕМИОТ СУД , каде што ќе се мерат солзите и тагата на децата. На обвинувањата на министерот Венко Филипче дека пациентите касно се јавуваат во болница таа посочува дека тоа се случува поради крах на здравствениот систем и недостатокот на капацитет на здравствениот систем да им пружи помош на сите граѓани.

Тажната реалност е дека додека Зоран Заев шета низ Европа и прима награди, македонскиот народ умира по болниците, а министерот за здравство е опериран од одгворност за колапсот на здравствениот систем.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This