ЗAKAHA ОД СОФИЈА: Ако сака во ЕУ, Македонија ќе мора да ги „признае бугарските корени“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија да ги признае бугарските корени на мнозинството од населението во историско-географската област Македонија, побара во неделата Македонскиот научен институт (МНИ) од Софија. Тие објавија уште 7 други услови за членството на Македонија во ЕУ, пренесува МКД.МК.


Претставници на Македонскиот научен институт (МНИ) во неделата поставија осум барања пред бугарската Влада пред претстојната одлука за датум за преговори со Македонија за членство во ЕУ.

„По потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка надежта дека ќе се отвори нова страница во меѓусебните односи, за жал не се остварија. Решението за спорните прашања и политичките проблеми меѓу Скопје и Атина, кои влијаеа и на случувањата околу бугарската историја, непримерните изјави на македонските државници и политичари, односно карактерот бугарското националноослободително движење во Македонија, како и намерите на властите во Северна Македонија да глумат разбирање со Бугарија, предизвикаа негативни коментари од наша страна“, пишува во образложението за овие барања на МНИ.

Институтот смета дека веќе две години се води бесмислен спор за делата на Свети Климент Охридски и Свети Наум Преславски, за националната припадност на цар Самоил, за Гоце Делчев…

Александар Гребенаров, претседателот на МНИ изјави дека неговиот институтот се залага Бугарија пред Владата во Скопје да ги постави следните осум задолжителни барања:

– да се признаат бугарските корени на мнозинството од населението во историско-географската област Македонија,

– да се осудат политичките убиства и репресии против Бугарите извршени по 1944 година,

– да се променат учебниците и помагалата во кои историската вистина за Бугарите во Македонија е изменета,

– да се отстранат натписите на спомениците, на музејските експонати и друго со антибугарска содржина,

– да се преосмислат националните празници насочени против бугарската држава,

– да се стави крај на јазикот на омразата кон Бугарите во медиумите,

– да се признае дека официјалниот јазик според Уставот на Северна Македонија е формиран врз основа на бугарски говори и

– да им се дадат граѓански и политички права на Бугарите еднакви на правата на другите етнички групи во земјата.

На конференцијата за медиуми одржана денеска во простоориите на националната новинска агенција БТА, Георги Николов, заменикот на директорот на МНИ, рече дека „бугарските корени во историско-географската област Македонија се признати не само од бугарските, туку и од низа европски научници. Во Северна Македонија многу се потпираат на тоа дека неколку генерации се воспитувани во македонистички дух, па затоа треба да се промени напишаното во учебниците“. Во нив, вели Николов, „или се краде бугарска историја, која се претставува како основа на македонската, или се премолчуваат и менуваат факти“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This