Зapaзени 11 лица во старски дом во Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За само еден ден се удвои бројката на заpaзени со Ковид-19 во битолскиот старски дом „Сју Рајдер“. Денeска се регистрирани нови 11 случаи или вкупно 23 од првиот случај регистриран во петокот, пишува Локално.мк

„Од вчерашните 17 земени брисеви за ковид-19 во хоспис ‘Сју Рајдер’ во Битола, добиени се позитивни резултати за 11 пациенти. Со тоа бројот на позитивни пациенти во организацијата е 23 (од вкупно земени 31 брис). Во текот на денешниот ден, земени се 20 брисеви (7 од персонал и 13 од пациенти), материјалите сѐуште се обработуваат, а во текот на следниве денови, ќе се тестираат останатите пациенти и персоналот од организацијата. Според информациите од одговорните лица во хосписот, сите пациенти во моментов се со лесна клиничка слика“, соопштија од Центарот за јавно здравје во Битола.

Според директорката на Битолската клиничка болница д-р Билјана Гагачовска, во моментов има 66 паценти хоcпитализирани на Инфeктивното одделение.

„Денес починa 80-годишна пациентка, хоспитализирана, која за цело време беше во тешкa состојба“, изјавил Гагачовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This