Иако тврдеше дека има преработеност: Манчевски вработува нови 35 административци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски едно зборува во опозиција, но сосема спpoтивно работи кога е на власт. Имено, иако ветуваше дека администрацијата е превработена, Манчевски вработува дури 35 административци во министерството со кое што тој раководи во моментот.

На ckaндалзониот оглас, во МИОА се бараат помлади соработници, виши соработници, советници, раководители на сектори, како и помошници раководители, a платата изнесува од 20.000 денари месечно до над 32.000 денари во зависност од позицијата.

Ако се земе во предвид дека Манчевски изјавуваше дека е потреба реорганизација на администрацијата се со цел да се дефинираат правата и обврските на администрацијата за таа да биде ефикасна, како и дека е потребна прераспределба на државните службеници во приватниот сектор, тогаш повеќе од јасно е дека Манчески сака да ги задоволи партиските апетити на партиските вojници поради предвремените парламентарни избори, како и дека овој начин на работа се коси со нивниот таканаречен план за реформи каде што според нив истата требаше да биде професионална непартиска во функција на граѓаните на Република Македонија.

Единствена реформа што се спроведува во моментот во државните институции е партизација, па така според најновите податоци, јавната администрација се зголемила, поточно во државните институции работат над 132.000 лица што е за 3300 лица повеќе од претходната година. Заедно со вработените во јавните претпријатија и акционерските друштва со државен капитален бројот на вработени во јавен сектор изнесува 143.000 лица.

Владата на СДСМ и Манчевски останаа глyви и на препораките од страна на Европската унија каде што јасно се порача дека администрацијата е преполна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This