ИВАНОВ ВО ПОСЕТА НА ТУРЦИЈА: Ќе присуствува на Евроазискиот економски самит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, престојува во Истанбул на 22. Евроазиски економски самит, организиран од страна на Фондацијата „Мармара груп“, на тема „Одговорност кон иднината“, јавува Anadolu Agency (AA).

Во своето обраќање на отворањето на Самитот, претседателот Иванов го изрази своето задоволство што на крајот од 21. Евроазиски економски самит бил прифатен неговиот предлог „22. Евроазиски економски самит да биде на тема технологија и вештачка интелигенција“.

Истакнувајќи дека 22. Евроазиски економски самит по многу нешта се разликува од другите самити, Иванов рече дека годинава на Самитот нема да се фокусираат на минатото, туку кон иднината, додавајќи дека ќе се дискутира за новите димензии на глобализацијата, алтернативните енергетски извори, глобалното затоплување, популизмот и расизмот.

„На дневна светлина можеме да видиме дека состојбите што ни ги нудат технологијата и вештачката интелигенција имаат позитивни и негативни аспекти. Луѓето кои се наоѓаат тука се мудри, разумни и експерти по ова прашање. Секоја идеја која денеска ќе биде претставена, ќе биде дискутирана и во Република Македонија во наредните неколку години. Пример, во деновите што претстојат во Македонија ќе се соберат некои институции кои се под мое покровителство. Овие институции, ќе ги соберат младите и талентирани луѓе, обезбедувајќи им да ги развијат нивните вештини и врз база на нивната креативност, зголемување на нивниот капацитет“, рече Иванов.

Претседателот Иванов истакна дека околу 300 талентирани лица, во рамките на тие активности имале повеќе од 200 часови настава во Македонија и во странство, благодарение на што добиле можност за развивање на своите вештини и додаде дека забележал колку овие млади лидери имаат голем капацитет за темите за дигитализација и индустриска револуција.

„Влегувајќи во 3. милениум, би сакале постоечките проекти да се фокусираат кон човечкиот капитал, но поради проблемите со коишто денес се соочуваме, гледаме дека е потребно да обезбедиме активно учество, а истовремено потребно е и добро набљудување, со цел да се постигне успех“, рече Иванов во своето обраќање.

Иванов истакна дека е потребно да се спречи исчезнувањето на голем број форуми и голем број иницијативи во глобализираниот свет и додаде: „Кога ќе погледнеме на Евроазискиот економски самит, може да се забележи дека неговите ефекти се долгорочни, бидејќи тој веќе 22 години на успешен начин се организира. Од идеите коишто произлегуваат на овој самит, корист нема само Република Турција, туку има идеи што предвид ги зема целото подрачје на Евроазија.“

На Самитот во Истанбул свое обраќање имаа и претседателот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Маринко Чавара, и заменик- претседателот на Азербејџан, проф. д-р Али Хасанов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This