ИВАНОВ ГО ПОТВРДИ ПРИСУСТВОТО: Претседателот Иванов ќе присуствува на утрешната лидерска средба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја прифати поканата на премиерот Зоран Заев за лидерската средба што треба да се одржи утре.


– Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, имајќи ги предвид важноста на прашањето за името и државните интереси на Република Македонија, ја прифаќа поканата за информативна средба, иницирана од Зоран Заев, претседател на Владата на РепубликаМакедонија, закажана за утре, 19 мај 2018 година- соопшти кабинетот на Иванов.

Оттаму велат дека до нив до денеска не се доставени целосни одговори на барањата упатени на 29 март 2018 година, вклучително и нацрт-текстот на билатералната спогодба за надминување на разликата околу името, доставен од Министерството за надворешни работи на Република Грција.

– Сметаме дека на тој начин се врши селективно информирање на македонскиот претседател. Иванов на утрешната средба очекува да биде информиран за суштината и за деталите од разговорите во процесот за надминување на разликата околу името – се додава во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This