ИВАНОВ ДЕНЕС ЌЕ МУ ГО ВРАЧИ МАНДАТОТ НА ГРУЕВСКИ ВО 13 ЧАСОТ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во 13 часот ќе го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на Никола Груевски, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, информираат од Кабинетот на Претседателот.

ivanov-gruevski-640x427

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која ја предводи на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември освои најмногу гласови од граѓаните.

Деветтиот македонски парламентарен состав, кој има 120 народни избраници, се конституираше на 30 декември минатата година. Најмногу пратеници има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 51. Коалицијата предводена од СДСМ има 49 мандати, ДУИ 10, Беса – 5, Алијанса на Албанците – 3 и ДПА – 2. Во овој парламентарен состав нема народни избраници од дијаспората поради недоволен број освоени гласови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This