ИВАНОВ НЕМА ПPEKPШEHO НИТУ ЕДЕН ЗАКОН ИЛИ УСТАВНА ОДРЕДБА: Врховниот командант постапил согласно надлежностите и поставил старешини на соодветни формациски места

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поврзано за реакциите во јавноста за последните Укази на Претседателот на Република Македонија, консултиравме пензиониран генерал на АРМ и поранешен советник во кабинетот на Претседателот на државата,кој за нашата редакција го даде своето мислење.

Според генералот, Претседателот на државата не прекршил никаков закон а уште помалку Устав со последните Укази кои се потпишани од него. Имено, станува збор за суштинско непознавање од страна на одредени медиуми и лица од Министерството за одбрана и од Генералштабот, и не правење разлика помеѓу статус на воено лице и именуван функционер. Претседателот не именувал воени лица, затоа што таква категорија “именување на воено лице” не постои. Станува збор за поставување на старешините на соодветни формациски места согласно уставните надлежности и одредбите од Законот за одбрана и Законот за служба во АРМ.

На прашањето што значат поставувањата и унапредувањата на овие старешини за АРМ, генералот ни појасни дека станува збор за пополнување на многу значајното а испразнето место во седиштето ма НАТО, односно смета дека во овие клучни моменти кога подготовките за НАТО се во полн ек, државата и АРМ да се остават на да се остави без висок воен претставник. Помалку важно е персоналното решение отколку да бидеме толку несериозни и 7 месеци да немаме соодветен претставник во НАТО. Исто така, со поставувањето на млади старешини кои ги имаат завршено највисоките школи во НАТО, се праќа сигнал дека свежа крв во високите кругови на АРМ е потребна поради реформите кои и претстојат на Армијата.

Според генералот, факт е дека смената на генерации е неопходна и неминовна и дека тоа е природен процес кога дел од кадрите на поранешната ЈНА а се уште на служба во АРМ ќе мора да си заминат по основ на пензионирање или слично.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This