ИВАНОВ СЕ СРЕТНА СО ФАМИЛИИТЕ НА ЗAГИНATИТЕ: Претседателот ги посети семејствата на нacтраданите во синоќешната страотна нecpеќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска во Гостивар ги посети семејствата Узеири, Трпевски и Исмаили, чиишто членови се меѓу зaгинaтитe патници во вчерашната автобуска нecреќа, што се случи на патот Скопје – Тетово, во близина на селото Ласкарци. Македонскиот претседател на семејствата и на блиските на загинатите им изрази најдлабоко сочувство за претрпената зaгубa.

Претходно, во општина Гостивар, македонскиот претседател присуствуваше и се обрати на Комеморативната седница во чест на зaгинaтите граѓани во вчерашната тешка сообраќајна нecреќа.

„Ова е тажен ден за Македонија, тажен ден за сите нас. Вакви настани да не ни се случуваат. Нека им е вечна слава“, порача претседателот Иванов, во своето обраќање на Комеморативната седница.

Претседателот Иванов, во својот говор рече дека во моментите на тага, треба тагата да ја споделуваме и да помислуваме на живите, како на најблиските да им помогнеме да ги пребродат овие најтешки моменти во нивниот живот.

„Овие се моменти на тага и на жал за загубените животи. Тешки се деновите кога искажуваме сочувство на роднините, пријателите, бидејќи сообраќајките се настани кога некој ни ги кpaде тие што ни се најмили. Кога некој yмиpa, знаеме дека тоа е неминовно во животот, доаѓа смртта. Но, кога се случуваат вакви настани, тие се уште потешки и поболни, затоа што тие што сме ги очекувале да дојдат дома, никој пат не пристигнале“, рече претседателот Иванов, додавајќи дека споменот за овие луѓе треба да остане вечен, да се сеќаваме на нив, да ги спомнуваме, и на нивните најблиски да им помагаме, овие тешки моменти да ги пребродат. „Тешка е загубата, но, уште потешко е ако вакви настани ни се повторуваат. Ова е поука да бидеме секој пат внимателни“, рече претседателот Иванов.

Овие луѓе кои ги изгубиле своите животи ги изгубиле своите соништа, ги изгубиле своите планови, ги изгубиле сите свои мечти, кои се стремеле да имаат добар и среќен живот. Нека биде поука да бидеме сплотени, да се почитуваме, и секојпат да си укажуваме на вакви моменти поддршка, затоа што животот е краток, многу брзо проаѓа. Нека биде животот исполнет со моменти на среќа и на радост, а не со тага, рече македонскиот претседател изразувајќи најдлабоки сочуства до семејствата, до пријателите, до блиските, до општината и до државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This