ИВОР МИЦКОВСКИ УДРИ ПО ЗАЕВ: Да не се праиме наудрени и недоквакани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последниот период оние кои своевремено му даваа најголема поддршка на Зоран Заев, сега излегуваат со остри критики за работата на премиерот и власта предводена од него. Ивор Мицковски вели дека ја разбира попустливоста на Заев.

Мицковски вели дека сега на граѓаните ќе им биде нормално да има сомнителни вмешаност во криминално подземје и рекети, нормално ќе биде братот на премиерот да си ја ишка мувата на интервју, ќе биде нормално да се има најголем буџет иако во опозиција таков се критикувал, да се задолжува државата милијарда евра и уште многу работи кои не се баш нормални да бидат нормални.

Фејсбук статус на Ивор Мицковски:

Ја разбирам попустливоста кон ЗЗ и зошто е заштитен од директни критики. Постојат поголеми цели, и добро е што ги имаме.

Но, барем да не се праиме наудрени и недоквакани. Ако упатувате критика нека биде целосна и нека биде упатена на вистинска адреса.

Не вие сте удриле по советниците, по партиските, по ПР, кога изворот на сите проблеми се лоцира кај 2-3 лица.

И ќе ви биде нормално да се љубат попови и икони, да има агенции за обезбедување Омерта, да има сомнителни вмешаности во криминално подземје и рекети, ќе ви биде нормално брат на премиер да си ишка мувата на интервју, ќе ви биде нормално да се има најголем буџет иако во опозиција се критикувал, да се зима милијарда евра заем, бизнисмени да ти водат економија, да си кинат даноци, специјалци да глумат инспекции, безбедноста лажно да се реформира, исти или поголеми трошоци ко кај режимот да се прават, дури и поголемо министерство за вистината да се прави од режимискиот левијатан.

Се ќе ви биде прифатливо и насекаде ќе лоцирате грешки, но ниту една грешка нема да се реши, затоа што толерирате одржување на системот, само да се пронајдете на профитабилната страна од демек новата прича.

Кога сме предупредувале, дека ќе биде вака, нешто за што не сум имал никаква илузија, не сум верувал дека тоа ќе помине вака ладнокрвно, безобразно и дрско, без трунка срам од сета лажност и така наивно безгрижни пред сета превртливост.

Кога веќе е такво време, и не можете по царот да удрите, барем не бидете така патетични, да гледаме како ги бичувате слугите.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This