Денеска се забележани нерегуларности при гласањето на локалните избори во Штип. Според информациите на Курир, полиција речиси и да нема, а партиски активисти носат гласачи со автомобили на избирачките места.
На дел од избирачките места при влез за гласањето се забележани и имиња на дел од партиите за кого треба да се гласа, со што директно се крши изборниот молк.
Имено ниската излезност создава нервоза кај партиските активисти кои ги носат гласачите со автомобили на избирачките места, велат сведоци на нашиот медиум.
Дополнително, истите партиски активисти се оддалечени речиси половина метро од гласачките кутии им директно ги контролираат гласачите.
Полиција речиси и да нема на избирачките места, додека внатре тече незаконски гласањето, велат нашите сведоци.
Инаку денеска локални избори се одржуваат во Штип и Пласница.