ИЗБРАНИ НОВИТЕ АНТИKOPУПЦИOHEPИ: Утврдена листата за членови на ДКСК

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Објавена е ранг листата со бодувања за идни членови на Државната комисија за спречување на кopyпцијата. Најдобро се оценети досегашните кадри од ДКСК, Владимир Георгиев, дипломиран економист од Скопје кој беше државен советник во комисијата и Софка Пејовска Дојчиновска, генерален секретар.

Понатаму следува Катица Николовска, дипломиран економист од Велес, Нури Бајрами од општина Гостивар, Билјана Николовска, дипломиран економист од Скопје која е можно да биде и идниот претседател, Горан Трпеноски, новинар од редакцијата на „Сакам да кажам” и Шемши Салаи, дипломиран правник. Високо на листата котираат и Владимир Клековски и адвокатот Рахамин Мизрахи.

Кандидатите за членови на ДКСК за првпат беа интервјуирани јавно, од страна на седумчлена комисија и со можност за поставување прашања од новинари и претставници од граѓанскиот сектор.

До утре пред пладне собраниската Комисија за избори и именувања треба да одлучи кои ќе бидат седумте антикорупционери од интервјуираните 57. Потоа пратениците на пленарна седница ќе треба да ги изгласаат.

Комисијата за селекција на кандидатите за претседател и за членови на Државна комисија за спречување на кopyпцијата ја составува пратениците Мухамед Зекири од СДСМ, Артан Груби од ДУИ, Зоран Илијоски од ВМРО – ДПМНЕ и Владанка Авировиќ од независната пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ, Драги Целевски номиниран од Народниот правобранител, а Сабина Факиќ и Бесим Небиу како претставници на здруженијата односно фондации назначени за членови во Советот за соработка помеѓу владата и граѓанскиот сектор.

Учесници во интервјуата беа и претставници на медиумските и граѓанските здруженија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This