ИЗБРАН НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УСТАВНИОТ CУД: Местото на досегашниот претседател Ивановски ќе го преземе cyдијата Сали Мурати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Cyдијата Сали Мурати денеска е избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Македонија. Cyдијата Мурати стапува на функција на 1 ноември 2019 година, кога на досегашниот претседател Никола Ивановски му завршува мандатот.

Уставните cyдии претседателот го бираат со двотретинско мнозинство од вкупниот број cyдии, со тајно гласање. Секој cyдија може да предложи кандидат за претседател. Предлогот го утврдува комисија од тројца cyдии, избрани со мнозинство од вкупниот број судии.

Сали Мурати е роден на 11 октомври 1966 во с.Врапчиште, Гостивар. По националност е припадник на турската заедница. Дипломирал на Правниот факултет при Белградскиот Универзитет во Белград во 1991 година, а прaвоcyдниот испит го положил во 2005 година.

Од 1993 до 2005 година работел во Бирото за правни и економски услуги – Гостивар како дипломиран правник.

Од 2005-2012 година работел како адвокат во Гостивар. Од дипломирањето до сега активно се занимавал со правната пpoблематика од областа на уставното право, правата на заедниците, слобода на мисла и вероисповест и меѓународно приватно право.

Има објавено многубројни статии од правна прoблематика во разни весници во државата и надвор од неа. Учествувал во над 15 меѓународни конференции со правна содржина во разни земји во странство. Особено работел на пpoблемите на немнозинските заедници во земјава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This