ИЗВЕШТАЈОТ KAKO ПРЕСЛИКАН ОД ЛАНСКИОТ: Македонија ја задржа препораката, условена со кредибилни избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кризата трае премногу долго. Државните институции треба да ја вратат својата кредибилност, а ЕУ е подготвена да ве поддржи во трансформирањето на вашата земја, рече амбасадорот Жбогар

Македонија доби нова препорака за почеток на преговорите за членство, но исто како и ланскиот, таа е условена со одржување на кредибилни избори и со избор на нова влада.

zbogar-66723

Ова е главниот заклучок од новиот извештај за напредокот на Македонија, кој го објави комесарот за проширување Јоханес Хан. Тој нагласи дека на Македонија изминатата година посветил големо внимание и дека земјата се наоѓа во сериозна политичка криза која мора што поскоро да заврши. Според него, сега е моментот лидерите да ја надминат кризата и да се заложат да се одржат избори кои ќе бидат признаени од меѓународната заедница.

 

Комесарот, исто така, побара исполнување на обврските од договорот од Пржино во кој спаѓа и непречена работа на специјалното обвинителство како и спроведување на итните реформски приоритети.

На извештајот се осврна и амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар. Тој нагласи дека задржувањето на препораката за преговори е добрата работа, но дека во целина тој содржи многу критики за состојбата во земјата и за политичката криза.

Според амбасадорот, политичката криза ги подвлекува предизвиците со кои се соочува и дека ЕК е незадоволна од реформите што се спроведуваат. Како пример тој ги наведе борбата против корупцијата, како и реформите во судството.

Кризата трае премногу долго. Државните институции треба да ја вратат својата кредибилност, а ЕУ е подготвена да ве поддржи во трансформирањето на вашата земја во она што таа заслужува и сака да биде – демократско, динамично и просперитетно место, кое може да им понуди на своите граѓани стабилност и подобри перспективи за во иднина – рече Жбогар.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This