Извpшeн пpeтpec во дoмoт нa Kocтa Бypчeвckи, cин нa coветникот на Амбacaдата на CAД Mиткo Бypчeвcки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради нелегално производство на марихуана на 20 декември минатата година, а по извршен инспекциски надзор и констатирани неправилности, МВР поднесе кривична пријава против управителот на компанијата „5 летерс“ кој во полицискиот билтен беше заведен со иницијали К.Б.

Фирмата произведувала канабис кој не бил пријавен, што е спротивно на закон. При претресот, од фирмата која според РТЛ е на пријател на премерот, пренесува порталот „360 степени“, полицијата со која раководи Оливер Спасовски од СДСМ, одзема 18 301 растение канабис, кои биле спакувани во 247 вреќи. За управителот со иницијали К.Б. е поднесена кривична пријава.

„На 20 декември е извршен инспекциски надзор од надлежните тела и констатирани се неправилности, односно констатирано е дека е засаден канабис, а нема евиденција за тоа. Преземени се соодветни мерки и активности, документиран е случајот и на 26 јануари, по претходно обезбедена судска наредба, извршен е претрес во ова правно лице и притоа се одземени 247 вреќи со канабис, компјутерска опрема и друга документација поврзана со истрагата. Претходниот ден, исто така, е направен и претрес на правното лице од која е одземена документација“, објаснува Ангеловски од МВР за „360 степени“.

Она што го прави овој настан дополнително скандалозен е дека според информациите на „Инфомакс“ позади иницијалите К.Б. всушност се крие името на синот на советникот во Амбасадата на САД Митко Бурчевски, Коста Бурчевски.

Според информациите на „Инфомакс“, во домот на Коста Бурчевски бил извршен претрес во кој при што била пронајдена поголема количина на марихуана, документација и други докази во врска со кривично-правниот настан.

Од амбасадата на САД до овој момент нема официјален коментар ниту одговор на нашите прашања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This