На 23 февруари ќе биде изpeчена пpecудата за случајот „Монcтрyм

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 23 февруари ќе биде изречена пресудата за случајот „Монструм“ односно за петкратното убиство кај Смилковското езеро што се случи во 2012 година.

Денеска одбраната ги кажа завршните зборови на повтореното судење за овој случај и рече дека обвинетите не се вистинските сторители на убиствата и дека станувало збор за конструиран случај.

Адвокатката Дафина Ивановска во завршните зборови како застапник на едно од семејствата на жртвите, изјави дека „цели три години се одржуваа рочишта, се слушаа „бомбите“, кои беа меѓу преовладувачките причини за укинување на пресудата, но по преслушувањето на „бомбите“ не се утврдија некои факти, освен што се одржаа многу рочишта и се одзеде многу време за да се донесе пресуда“.

На претходното судско рочиште свои завршни зборови имаше обвинителството кое побара доживотен затвор за Алил Демир, Агим и Африм Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири, за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This