Извpшeн пpeтpec вo дoм вo Пробиштип: Пpoнajдeни пoвeќe видoви дpoги и opyжje, yaпceнo eднo лицe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 08.12.2020 полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода А.Д.(20) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 08.12.2020 од страна на полициски службеници од ОВР Пробиштип, во координација со полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во СВР Штип, а по добиена судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на две локации во Пробиштип во кој престојува А.Д.(20) од Пробиштип, при што пронајдени и одземени биле: марихуана, амфетамин, 5 малокалибарски куршуми, 5 празни рамки за автоматска пушка, тромблонски додаток за автоматска пушка, воздушна пушка марка „кандар“ калибар 5,5 мм и 200 дијаболи за воздушна пушка.

Се работи на документирање на случајот, по што против А.Д. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This