Здравството стана привилегија и луксуз: Пациентите или ќе платат мало богатство за да се излeчат или ќе yмpaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Состојбата со КОВИД-19 и понатаму е загрижувачка во целата држава. Голем број на граѓани секојдневно се жалат дека здравствениот систем е речиси никаков и не им нуди никаква здравствена заштита.

Од социјалните мрежи секојднвно можеме да се информираме дека граѓаните мака мачат со здравствените власти. Од една страна велат граѓаните да не се лекуваат на своја рака, а од друга страна ниту сакаат да ги прегледаат. Исто така може да се забележи дека поради ваквата ситуација се приморани да барааат помош од приватните здравствени установи и за тоа плаќаа многу висока цена.

Имено, граѓаните сметаат дека тие како народ на оваа држава заслужуваат државата да им помогне во вакви ситуации.

За ваквата проблематика ни раскажа и лице кое го прележал ковидот и дека тоа го чинело околу 10.000 денари.

-Штом појавив симпроми веднаш се консултирав со матичната да закажеме тестирање. Првиот слободен термин кој можев да го добијам за тестирате во државна установа беше за некои 8 дена. Поради тоа бев приморана да закажам тестирање во приватна болница каде платив 3.900 денари за тест. Тестот ми беше позитивен. Оттука со консултација со матичната  морав да земам антибиотици, витамини, сирупи. Од некои имав и по две дози зошто не се знаеше за колку време ќе бидат излечена. Исто морав да конзумирам храна што побогата со витамни, потоа разни витамини за имунитет и слично. Можам да кажам дека сетоа ова ме чинеше околу 10.000 денари, ни раскажа лице кое го прележало вирусот.

Истото ова лице ни кажа и дека поради отсуството од работа поради тоа што била позитивна на КОВИД-19  добило плата од 2.500 денари.

По ваквите случувања се докажа уште еднаш дека на властите ич не им е гајле за граѓаните. Од една страна  од почетокот на пандемијата до денес над 55.000 граѓани ги изгубија своите работни места и останаа без месечни примања, а од друга страна поради неспобноста на власта и Филипче се приморани да се лекуваат во приватни установи за кои плаќаат многу високи цени за услугите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This