Излезеноста голема, народот бара промени, на некој вечерва му завршува политичката кариера

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Големата излезеност до 9 часот укажува дека мнозинството на македонски граѓани веќе се определени и имаат донесено одлука на кого ќе му ја дадат довербата да ја предводи државата во наредните 4 години.

Дополнително за политичките аналитичари е добро познато дека големата излезност во еден изборен процес најчесто оди во корист на опозицијата, односно дека мнозинството на граѓани сакаат нешто да променат во државата.

Колку за споредба во 2016 година кога во Македонија имаше рекордна излезеност од над 66 проценти до 10 часот излезеноста изнесуваше 9,49 проценти, додека денес до 9 часот излезноста е 6,26% што значи дека доколку продолжи истата тенденција македонските граѓани веројатно ќе ги изненадат сите оние аналитичари кои прогнозираа мала излезност на овие изброи.

Она што исто така е интересно е тоа што во изборните единици во кои Македонците се етничко мнозинство излезеноста е повеќе од двојно поголема од изборната единица 6 каде мнозинство се припадниците на албанската етничка заедница. Ваквите бројки укажуваат на тоа дека Македонците се оние кои на овој изборен ден бараат промени, додека по се изгледа дека во албанскиот кампус и нема да и има некои големи измени на досегашната политичка консталација.

Сепак годинава за прв пат имаме и предизборна коалиција помеѓу една мултиетничка партија и една албанска партија која имаше за цел да ги надокнади загубените гласови кај Македонците, но малата излезеност во 6-ката значи дека оваа цел многу тешко ќе биде остварена.

ИЕ 1 – излезност од 7,91 проценти

-општина Аеродром најголема излезност со 10,16 проценти, додека најниска излезност има во Студеничани од 1,99 проценти

ИЕ 2 – излезност од 6,51%

-општина Ѓорче Петров најголема излезност со 9,15 проценти, додека најниска излезност има во Липково од 1,81 проценти

ИЕ 3 – излезност 7,23%

-општините Крива Паланка 11,46% и Пробиштип 10,27 проценти имаат најголема излезност, додека најниска излезност има во Чашка од 3 проценти

ИЕ 4 – излезност од 7,68 %

-општина Новаци најголема излезност со 10,87 проценти

ИЕ 5 – излезност од 6,14%

-општина Кривогаштани најголема излезност со 13,01 проценти, додека најниска излезност има во Центар Жупа од 1,78 проценти

ИЕ 6 – излезност од 3,37%

-општина Јегуновце најголема излезност со 4,17 проценти, додека најниска излезност има во Врапчиште од 1,39 проценти

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This