Излезноста до 13 часот во Струга околу 19 отсто, во Вевчани 53

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Општина Струга излезноста до 13 часот е скоро 19 отсто, додека во Вевчани околу 53 проценти, информираат претседателите на општинските изборни комисии.

Според Минир Жута, претседател на ОИК Струга од 61.437 гласачи, регистрирани во Избирачкиот список, 11.465 или 18, 68 отсто го оствариле своето гласачко право.

– Изборниот ден тече мирно. Досега немаме никаков проблем, изјави Жута.

Излезноста на трите избирачки места во Општина Вевчани е поголема, до 13, часот, како што информира претседателката на ОИК Менка Кукоска гласале 1.088 вевчанци или 52,43 проценти од регистрираните 2.075 гласачи во избирачкиот список. И во оваа општина, како што потврди, изборниот процес тече мирно, без никакви нарушувања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This