Излaжaa и за рокот на Макрон за почеток на преговори на Македонија со ЕУ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Емануел Макрон не им дал рок на Бугарија и с. Македонија да постигнат договор за почеток на преговори за членство на нашиот југозападен сосед во ЕУ – Скопје шири лажни вести, пренесува Експрес.

Ова за Бугарија ON AIR го изјави експертот од „Институтот за популациски и хуманитарни студии“ при Бугарската академија на науките, доц.Спас Ташев.

„Баравме официјален извор на оваа информација и не најдовме такви зборови на францускиот претседател. Скопје е фабрика за лажни вести. Нема документ од Макрон до француските амбасадори во ЕУ дека до 14 декември ќе почнат преговорите за евроинтеграциите на Скопје “, вели ташев.

Тој е дециден дека Македонија не сака бугарската економија да влезе на нивниот пазар и за тоа дава пример со галиите во коритото на Вардар од кои една беше на бугарски инвеститор.

„Градоначалникот на Скопје кој ги загуби изборите си постави за цел да ги уништи и го стори тоа. Бугарија не реагираше соодветно да ја заштити оваа инвестиција, вели доцентот Ташев како што пренесува News.bg

Извор: Експрес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This