Измaмник од зaтвop прoдавaл нeпoстоечкo житo – уaпceн нeгoвиот соучecник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе на лице место е фатено лице при обид да изврши измама.

По насоки на Јавен обвинител од ОЈО Скопје извршени претреси на две локации во Скопје и притоа пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривично дело „измама“, пријавено на подрачјето на СВР Штип. Од извршените истражни дејствија и сите преземени оперативно – тактички мерки постојат основи на сомневање дека измамите на подрачјето на СВР Штип (Штип, Свети Николе и Берово) за наводна набавка на жито ги извршил Б.А., кој се наоѓа во затвор, а преку соучесникот Г.Г. ја наплаќал договорената непостоечка житна култура – стои во соопштението од МВР.

Како што информираат од Министерството, акцијата е спроведена од полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе во координација со Секторот за насилен криминал при Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје.

По документирање на случајот од ОВР Свети Николе ќе следува соодветна пријава до надлежниот обвинител.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This