Измeни во 3aконот за контрола на опojни дpoги: Владата законски дозволува извоз на сув цвет од kaнабис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во предлог текстот на законот се предлата формирање на посебна Агенција за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис.

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Како што соопштија од владината прес-служба со овој закон се предвидува формирање на Агенцијата за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и научни цели која треба да работи врз основа на начелата на законитост, стручност, професионалност, одговорност, ефикасност и транспарентност.

Со овој предлог на закон, како и што бараа производителите на канабис за медицински цели се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога да ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко при тоа почитувајќи ги меѓународните конвенции и европското законодавство што ја регулира материјата.

Се воведува и обврска на компаниите со лиценци за одгледување канабис во медицински цели да уплатуваат средства во висина од 10% од нето добивката остварена во тековната година на соодветна сметка во Буџетот на земјата.

Средствата собрани на оваа посебна сметка ќе бидат наменети за проекти од јавен интерес како што се поддршка на фондот за ретки болести, поддршка на фондот за медиуми, како и на програмските приоритети во спортот, културата, граѓанскиот сектор, како и за поддршка на работата на новопредвидената Агенција.

Од владината прес-служба информираа дека во текстот се транспонирани повеќе рамковни одлуки и директиви на Европскиот Парламент и на Европскиот Совет за усогласување на оваа дејност со регулативата на ЕУ, како и со повеќе конвенции како што се Единствената конвенција за наркотични дроги на Обединетите нации од 1961 година со Протокол за дополнување од 1972; Конвенцијата за психотропни супстанции на Обединетите нации од 1971 година и Конвенција на Обединетите нации против недозволена трговија со опојни дроги и психотропни супстанции од 1988 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This