ИЗРАЕЛСКИОТ АВИОН ГО ПОГОДИЛА СИРИСКА РАКЕТА: Регионот пред нова спирала на насилство, Путин го повика Нетанјаху да се смири!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелскиот авион Ф-16, кој денес се сруши на северот на Израел, бил погоден од сириска противавионса ракета, јавува Ројтерс, повикувајќи се на неименуван израелски претставник

Израелската војска соопшти дека претходно денес соборила ирански дрон кој влегол во земјата, и дека гаѓала ирански цели во Сирија кои го лансирале.

Во соопштението на израелсакта војска се наведува дека израелските авиони се соочиле со силна противвоздушна одбрана од Сирија, која ги принудила пилотите на израелскиот авион да се катапултираат од авионот Ф-16, кој се сруши на северот на Израел.

Во соопштението на израелската војска Џонатан Конрикус рекол дека Иран е одговорен за ова „тешко кршење на израелскиот суверенитет“, а војската сооопшти дека „го следи развојот на случувања и е во потполност спремна за нови акции“.

По наодите за израелските воздушни напади на цели во Сирија, руското министерство за надворешни работи ги повика сите вмешани страни да покажат воздржаност и да не дозволат ескалација на тензиите во регионот.

Либанското шиитско движење Хезболах соопшти дека соборувањето на израелскиот авион Ф-16 со дејство на сириската војска означи „почеток на нова стратешка фаза“ која, како што наведуваат, ќе го ограничи искористувањето на сирискиот воздушен простор од страна на Израел.

Нешто подоцна Рускиот претседател Владимир Путин го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не дозволува регионот да влезе во нова спирала на насилство.

Двајцата лидери разговарале преку телефон, а Путин ја пренел официјалната позиција на Москва дека треба да се избегнуваат потези кои би можеле да направат нова спирала на опасни судири на Блискиот исток.

Нетанјаху ја реафирмирал позицијата дека Израел има право да се брани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This