Израелските научници развија хибpидни органи за трансплантација од орган од свиња и човечки kpвни садови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тим израелски истражувачи развија хибриден орган – орган од свиња со човечки крвни садови – за кој тие веруваат дека може да помогне во недостатокот на органи за трансплантација, пишува Џерусалем пост.

Имаше многу обиди да се пресадат животински органи кај луѓето, кои во најголем бројзавршија неуспешно, најмногу поради акутно отфрлање, објасни д-р Шахар Коен од болницата Беилинсон, чиј тим го разви хибридниот орган.
Главна причина на отфрлање на органот е внатрешната обвивка на нејзините крвни садови, рече тој. Овој слој е точката на контакт помеѓу трансплантираниот орган и телото на примателот.

„Баравме начин да произведеме алтернативен слој кој не предизвикува отфрлање“, изјави Коен за „Џерусалим пост“.

Тимот на Коен ја отстранил обвивката од крвните садови на свињите и го заменил со „попријателска“ обвивка за човечкиот имунолошки систем, кој бил направен во лабораторијата од клетките на човечката плацента, кои, колку што е познато, не предизвикуваат отфрлање на органите.
„Наместо да го уништуваме целиот орган, ние целиме само на дел од органот – најважниот дел“, објасни Коен.
„Го отстрануваме внатрешниот слој на крвните садови на свињата и го заменуваме со човечки слој со што ги хуманизираме крвните садови на органот и создаваме хибриден орган – свински орган со хуманизирани крвни садови. Ова е начинот да се надмине бариерата кај свинските органи кај луѓето“.
Тој рече дека тимот избрал да ги користи клетките на плацентата затоа што плацентата е „идеален орган што поврзува две човечки суштества и игра клучна улога во одржувањето на врската помеѓу мајката и фетусот“.

Методот е успешно испробан досега во голем број органи: срце, бели дробови, црн дроб, бубрези, панкреас и екстремитети, рече Коен. Експериментите до сега беа екс-виво, надвор од телото.
Резултатите од работата на тимот беа објавени оваа недела во престижниот рецензиран „Научни извештаи“, објавен од „Nature Research“.
Следно, рече тој, истражувачите планираат да ги извршат своите први трансплантации на хибридни органи кај животни и за околу пет години Коен се надева дека може да се изврши првата трансплантација на човек.
Недостатокот на органи достапни за трансплантација е хроничен проблем на глобално ниво. Последните неколку децении, немаше голем напредок во зголемувањето на понудата и бројот на луѓе на списоците на чекање е висок и постојано се шири. Според организацијата Донирај живот, околу 8.000 Американци годишно умираат чекајќи трансплантација.

„Нашата цел е да го смениме светот и да го смениме лицето на модерната медицина за трансплантација. Ние сакаме да ја елиминираме листата на чекање и да имаме неограничено снабдување со органи на располагање за трансплантација и иднина со помалку лекови против отфрлање кај луѓето, така што тие имаат помалку несакани ефекти и помалку проблеми поврзани со потиснување на имунитетот.
„Имаме јасна патека за разбирање како да ја достигнеме оваа пресвртница“, продолжи Коен. „Мислам дека ќе можеме да ја достигнеме оваа визија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This