ИЗРАЕЛ ГОРИ: Пожарите се резултат на подметнување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе пожари го зафатија Израел, од кои  најголемиот е во северниот град Хаифи, од каде што се евакуирани околу 50.000 луѓе. Во северниот и централниот дел на Израел се појавија повеќе нови жаришта на природни пожари, објави денеска весникот „Хаарец“.

Голем пожар се појавил во северниот дел на земјата, во реон на градот Кармиел, а втор се разгорува во реон на кибуците Цивон и Саса, во Горна Галилеја, додека уште повеќе е разбеснет пожарот во реонот на Јудејските Ридови, во централен Израел, пишува весникот.

Дневниот весник информира дека метеоролошките услови во Израел денеска ќе останат екстремно неповолни за гасење на пожарите. Во текот на целиот ден ќе продолжи да дува источен ветар, но ќе ослабне со доаѓање на ноќта.

Во Израел, од почетокот на неделата, владее екстремно суво и ветровито време. Сепак, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за некои од пожарите изјави дека се настанати под „теророт на оние кои намерно ги подметнале“, јавува АП, но не кажал дали е познат идентитетот на осомничените заподметнување на пожарите миту кои се нивните мотиви, наведува американската агенција и дидава дека израелските власти обично го користат зборот „терор“ кога зборуваат за арапски или алекстински екстремистички ативности.

Освен тоа, Нетанјаху издал наредба Министертството за надворешни работ да ја контролира амерканската компанија која располага со супертанкерот, голем вион за гаснење пожар, да ја разгледа можноста да се донесе во Израел за да се изгаси огинот.

Портпаролот на Министерството потврди дека Нетанјха издал таква наредба и рече дека е постигнат договор авионот да пристигне во израел за 28 часа.

pozar-izrael-9

Супертанкерот е „боинг 747“, опремен со технологија да дејствува како авион за гаснење пожар, а првпат долетал во Израел за време на големиот шумски пожар кај Хаифа во 2010 г.

pozar-izrael-8

Претходно израелскиот премиер рече дека секој пожар кој е „резултат на подметнување или поттикнуање на подметнување е терор на секој можен начин и дека ќе се третира на тој начин“, пренесуваат израелските медиуми.

pozar-izrael-7

-Секој кој се обидува да запали делови на Израел, ќе биде најостро казнет, предупреди Нетанјаху откако поради пожарите беше наредена евакуација на околу 50.000 луѓе во Хаифа.

pozar-izrael-6

Израелскиот министер за внатрешни работи Гилад Ердан изјави дека „веќе сосема е јасно дека некои од пожарите се резултат на подметнување“ и дека „како што рече премиерот, тоа е терор на подметнувачите на пожарите“.

pozar-izrael-5

Пет лица се уапсени поради сомнеж дека подметнале неко од пожарите кои неколку дена се шират низ Израел.

pozar-izrael-4

Израелската полиција уапси и четворица Палестинци во врска со еден од неколкуголеми пожари кои оштетиле куќи и доведоа до авакуација на неколку илјади луѓе.

pozar-izrael-3

Вишиот арапски комитет за надгледување ја осуди изјавата на Нетанјаху, велејќи дека тоа е подбуцнување против арапската јавност во Израел.

pozar-izrael-2

Во меѓувреме и Франција најави дека ќе испрати авиони за гаснење пожар, пренесува агенцијата АП.

Францускиот претседалтел Франсоа Оланд му издал инструкции на Минстерството за внатрешни работи да испрати 3 авиони.

Портпаролот на полицијата изјави дека полицијата ги испитува сите можни причини, вклучително и подметнување. Тој наведува дека пожарите избиле пред три дена во заедницата Неве Шалом покрај Ерусалим, каде што Израелците и Арапите живеат заедно, а потоа пожарите се проишириле во северната област Зихрон Јаков и во други места кај Ерусалим.

До овој момент нема податоци за жртви, но во стихијата се уништени десетици домови.

Министерот за внатрешна безбедност Гилад Ердан синоќа изјави дека во моментов пожарите низ цела земја се наоѓаат под контрола.

pozar-izrael-1

Портпаролот на израелската полиција за ТАСС соопшти дека во текот на вчерашниот ден биле евакуирани 60.000 жители на 12 микрореони во централните и северните квартови на Хаифа.

– На евакуираните засега им е забрането да се враќаат во домовите, иако патиштата се отворени. Се очекува од денеска ситуацијата во Хаифа да почне да се подобрува, кога ќе се активира и противпожарната авијација, но се уште е рано да се даваат прогнози, изјави портпаролот.

A firefighter sprays water to ensure that a wildfire is put out, in the northern Israeli town of Zikhron Ya'akov November 23, 2016. REUTERS/Baz Ratner

Авионите ќе стифнат што е можно поскоро, а помош најавија и Русија, Турција, Грција, Кипар и Хрватска.

Палестинската управа, исто така, му понудила помош на Израел, во момент кога изрелските лидери сугерираат дека Арапите кои живеат во Израел го подметнале пожарот. Официјалната палестинска новинска агенција ВАФА јави дека Палестинците понудиле да испратат пожарникари. Палестинците му помагаа на Израел и пред шест години, кога исто така беснееше огромен пожар.

Firefighters work as a wildfire burns in the northern city of Haifa, Israel November 24, 2016. REUTERS/Baz Ratner

Јусеф Насар, генерален директор на палестинската Цивилна одбрана, вели дека понудата претставува „хуманитарна порака“. Во меѓувреме е соопштено дека најмалку 130 луѓе се овредени во пожарите, главно од вдичувашње чад, но ниту едно лице не е во животка опасност.

A car drives past burning trees as a wildfire rages in the northern city of Haifa, Israel November 24, 2016. REUTERS/Gil Eliyahu ISRAEL OUT. NO COMMERCIAL OR EDITORIAL SALES IN ISRAEL

Во пожарот се уништени околу девет квадратни километри шума и е најголеа притродна катастрофа предизвикана од шумски пожар од 2010 година, кога во пожар околу Хауфа настрадаа повеќе од 40 луѓе.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This