ИЗРАЕЛ ГРАДИ ЅИД ОКОЛУ ГАЗА: Оградата ќе биде долга 65 километри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за одбрана на Израел денес објави дека започнало со изградба на надземниот дел од оградата околу блокираниот Појас Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).

Министерството за одбрана преку соопштение истакна дека изградбата започнала во четвртокот.

„Оградата ќе биде долга 65 километри, а висока 6 метри. Долж границата, почнувајќи од Керем Шалом на југ, ќе биде поврзана со новата морска бариера што ја гради Израел“, се додава во соопштението.

Претходно оваа година Израел соопшти дека поморската бариера, која има за цел да ја спречи инфилтрацијата од правец на морето, е завршена, седум месеци по почетокот на изградбата.

Според Министерството, надземната ограда е дел од израелската подземна паметна ограда за откривање на тунели.

„Границата е уникатна и особено погодна за заканите од Појасот Газа, и ќе даде сеопфатно решение за спречување на влегувањето на територијата на Израел“, се вели во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This