Илиевски: Без разлика какво ќе биде решението со Бугарија, Македонија е таа што ќе биде под притиcok да попушти и да се ckpши

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Богдан Илиевски-Бетмен, во денешното гостување во „Само вистина“ на Канал 5, зборувајќи за евентуалното решение во спорот помеѓу Македонија и Бугарија, истакна дека Македонија ќе биде под притисок да попушти без разлика какво ќе биде решението.

„За какво и да е можно решение, или компромис, нели сега се бориме за омекнување на бугарската страна, ние ќе сме страната која што, ако има некакво решение, ќе биде притискана да попушти и да се скрши. Односно, ние ќе изгубиме. Кога они тргнуваат со максималистички барања, не знам, бараат 100, за да добијат 50, но имајќи ваква владеачка гарнитура во Македонија, веројатно ќе добијат 70 или 80. Така да кога размислуме за можен епилог, позитивен некаков, кон нас во овој контекст, во овој момент и во овие преговори и разговори, сум најдалеку од оптимист што може да биде. Тоа е сериозен проблем, во однос какви треба да бидат решенијата на тој проблем. За мене е најважно да видам дека Република Македонија може да изгради унисон став на сите политички чинители внатре без оглед на позициониранство на партиите, по однос на политики и по однос на етникумот кој ги поддржува. Од таму да почнеме, па да видиме до каде ќе стигнеме. На крајот на денот, верувам дека за огромен дел граѓаните на Република Македонија постојат работи коишто не може да се прифатат по никоја цена“, вели Илиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This