Почина Доналд Рамсфелд, наjголемиот поборник за вojната во Ираk

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доналд Рамсфелд, пензиониран американски политичар, почина на 88-годишна возраст, објавија светските медиуми.

Кога станува збор за неговата политичка кариера, тој ќе остане запаметен по тоа што беше најмладиот државен секретар за одбрана, а исто така беше и водач на не-конзервативната фракција во администрацијата на Џорџ В. Буш. Рамсфелд, кој беше министер за одбрана во републиканската администрација на претседателите Xралд Форд и Xорџ В. Буш, го надгледуваше одговорот на Пентагон на терористичките напади на 11 септември 2001 година.

На петиците од нападите на 11 септември, Рамсфелд насочи американски воен напад врз Авганистан, што доведе до соборување на Tалибанците. Две години подоцна, Рамсфелд ја надгледуваше американската инвазија во Ирак, потег насочен кон отстранување на тогашниот ирачки претседател Садам Хусеин.

Тој се прослави токму по тоа што беше еден од најголемите поборници за инвазијата на Ирак во 2003 година.

Во 2004 година, Буш двапати одби да ја прифати понудата на Рамсфелд да си даде оставка, откако се појавија фотографии од американски персонал што злоупотребува затвореници во затворот Абу Граиб надвор од Багдад. Скандалот предизвика меѓународна осуда на Соединетите држави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This