Илиевски: Создаваме нова иднина – Подобрување на локалните услови за водење бизнис, време е Брвеница да стане подобро место за живеење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Да се биде кандидат за градоначалник од тимот на идниот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски ми претставува чест и задоволство, но пред се обврска, должност и голема одговорност во борбата која ни претстои: Борба за достоинствена, напредна и просперитетна Брвеница”, истакна Јовица Илиевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница на митингот.

Илиевски запраша дали е потребно да се прифати бедотијата на денешницата и да се живее на дното, во лаги, измами, криминал, корупција и безнадежност или да се исправиме и да се спротивставиме на неработниците и корумпираните политичари.

„Јас сум исправен пред Вас и барам да ми се придружите и да ми ја дадете вашата поддршка заеднички да ја направиме Брвеница достојна за живеење, онака како што и доликува на ова општина”, рече Илиевски.

Илиевски посочи дека со сиот свој капацитет, знаење и домаќинско менаџирање ќе ја постигне целта и ќе ја направи Брвеница достоен конкурент на една развиена општина во секој сегмент и посакувано место за живеење.

„Јас ќе се борам и нема да се смирам додека не ја исполнам мојата цел и затоа ве повикувам и барам од Вас, Македонци, Албанци, Срби и останати, да ми се приклучите, затоа што знам дека мојата цел е и ваша цел и заеднички со вашата поддршка ќе ја направиме Брвеница подобро место за живеење”, нагласи Илиевски.

Илиевски вечерва пред граѓаните вети дека ако стане градоначалник ќе ја подобри спортската инфраструктура и услови за спортување на младите, регионална инфраструктурна поврзаност, воведување на концепт на зелена и чиста општина, модерен и атрактивен локален туризам, дигитална инфраструктура, подобрување на локалните услови за водење бизнис, воспоствување на европски практики и имплементирање на европски вредности и функционален систем за социјална заштита.

„Во мојата програма се содржани детални проекти, поделени како итни и приоритетни и проекти со подолг рок кои се стратешки, поголеми и поскапи. Брвеница за многу луѓе е мала општина, но за нас кои сме се родиле, растеле и живееме тука е најважната општина”, порача Илиевски,

Илиевски ги повика граѓаните на 17-ти октомври да излезат и да гласаат за промени, проекти, време е да се создаде нова иднина.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This